Дека од разводот на Бијонсе и Џеј Зи, после романтичниот одмор во Италија, нема ништо, потврдуваат и гласините дека популарната пејачка е бремена. Имено, раперот во петокот ноќта во Париз, на последниот концерт во рамките на заедничката турнеја, при изведувањето на песната „Beach Is Better” променил еден стих и објавил дека чекаат дете: „Затоа што е бремена со второто дете…“, отпеал тој во песната. Според таблоидите, Џеј Зи последниве месец дена е многу заштитнички расположен кон сопругата, токму како што бил кога ја очекувала Блу Ајви.

Извор близок до парот вели дека Џеј Зи прави се што е во негова моќ да обезбеди Бијонсе да живее како под стаклено звоно, без стрес. Сите кои ги следат во текот на турнејата мораат да бидат тивки, барал да се обезбеди дискретно светло, да се слуша само бавна музика. Посебно нагласил дека сета храна која ќе ја јаде пејачката мора да биде исклучиво органска. Најбогатиот музички пар на светот е во брак веќе шест години, а кон крајот на 2010 пејачката доживеала спонтан абортус, кој го опишала како најтажна работа која и се случила. Ќерката Блу Ајви парот ја добил на 7 јануари 2012 година.