После многу приказни дека ја изневерува, и дека не е покрај неа онолку колку што треба да биде, Бијонсе бара промена во предбрачниот договор со раперот Џеј Зи. Бара во договорот да се додаде ставка дека доколку Џеј Зи ја изневери ќе мора да и исплати пет милиони долари.

Исто така од него бара писмено да се обврзе дека нема да биде отсутен повеќе од десет дена. Пејачката на овие промени се одлучила после тепачката помеѓу нејзината сестра и Џеј Зи, а и, како што наведува извор близок до парот, бидејќи раперот никогаш не е покрај неа и ќеркичката.