Тројцата поранешни пејачи на легендарниот бившојугословенски бенд „Бијело дугме“, Жељко Бебек, Младен Воичиќ-Тифа и Ален Исламовиќ ќе настапат на концерт во Охрид.

Концертот насловен „Кад би био Бијело дугме“, во организација на продукцијата „План Б“, ќе се одржи на 31 јули на стадионот „Билјанини извори“, со почеток во 20 часот.

Освен Бебек, Тифа и Исламовиќ на сцената ќе има и седумчлен придружен состав, како и тројца придружни вокали.

Концертот е дел од големата турнеја на остатокот од „Бијело дугме“ низ поголемите градови на некогашна Југославија.

Ohridnews