Новопечениот сопруг открил дека е бигамист откако властите пронашле доказ дека пред 30 години се оженил додека бил на одмор кој го поминал воглавно пијан.
До откритието дошле откако неименуваниот 67 годишник се оженил за неговата долгогодишна девојка од Хаваи и поднел барање за да се пресели од Сиднеј (Австралија) во нејзиниот роден крај. Американската миграциска канцеларија, откако ги проверила документите го известила парот дека тој веќе е оженет.
Му го покажале сертификатот на кој пишувало дека тој е оженет за американка во 1978 година во Аризона. Засрамениот мадоженец признал дека за време кога работел на нафтена платформа бил 28 дена во САД каде повеќето време бил пијан. Но, како низ магла се сеќавал на „симпатичната плавуша“.
– Како небото да ме поклопи кога го видов документот. Го видов потписот и помислив дека може да биде мој, а можеби и не – рекол младоженецот.
За среќа, откако не успеале да ја пронајдат неговата законска сопруга, бракот е поништен и среќниот пар продолжил по планот.