Познатиот лондонски часовник Биг Бен, висок 96 метри, толку се искривил што може да се забележи и со голо око. Комисијата за државен имот соопштила дека искривувањето на кулата се забрзало од 2003 година.


Оттогаш кулата се навалува за 0,9 милиметри, додека претходно се навалувала за 0,65 милиметри. Експертите оцениле дека засега ова искривување не претставува опасност за околината. Биг Бен се наоѓа во склоп на зградата на лондонскиот парламент.