Во еден лондонски ресторан ќе биде сервиран бифтек од матични ќелии по цена од 290 илјади евра. Како што пренеле медиумите, бифтекот од вештачки направено месо ќе биде дегустиран на 6 август. Заслужен за овој медиумски настан е холандскиот биолог Марк Пост, од универзитетот во Матрихт, кој за правење на ова синтетичко месо ја користел познатата техника која со години се користи во лабораториите за реконструкција на органи по пат на матични ќелии.

За реконструкција на парче месо тешко 140 грама, Пост и неговите соработници користеле матични ќелии добиени од вратот на крава. Овој холандски научник најавил комерцијализација на оваа врста месо за пет до десет години. Успехот на синтетичкото месо е под голем знак прашалник, посебно во Европа. Местото е добиено по вештачки пат, а неговото правење се користат хормони како и малку познатиот фотален серум од јунешкото месо.