Премиерлигашот Лидс на својата официјална веб-страница објави дека Марсело Биелса се повлече од менаџерската функција.

Ова беше најтешката одлука што морав да ја донесам за време на мојот мандат во Лидс Јунајтед, земајќи го предвид целиот успех што Марсело го имаше во клубот, изјави претседателот на Лидс Јунајтед, Андреа Радрицани.

Вчера, во 26. коло Лидс претрпе висок пораз од Тотенхем (0:4) по кој може да се најде во зоната за испаѓање на крајот од оваа рунда во Англиското фудбалско првенство.

По мечот, аргентинскиот специјалист изјави дека неговите методи сега не функционираат.

Шеесет и шестгодишниот тренер беше на чело на тимот повеќе од три и пол години, откако го презеде клубот во јуни 2018 година.

Лидс моментално е на 16. место во Премиер лигата со 23 бода од 26 натпревари.

OhridNews