После започнувањето на иновативната кампања со видеа од минатогодишните победници, учесници и луѓе од сите сфери во општествениот живот, организаторите на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“ го промовираа „Night light run“ настанот кој ќе се одржи на 19 мај во сабота со почеток во 21 часот.
Популарната ноќна трка која ќе се одвива од каналот Студенчишта до Градското пристаниште ќе биде отворена за секој љубител на трчањето и спортот. На финишот, организаторите ќе се погрижат за добра забава и дружење со музика во живо и други пропратни работи.
Главниот настан на „Охрид трчаТ“ ќе се одржи на 3 јуни со 5 и 10 километарска и тим билдинг трката, а викендите кои доаѓаат ќе бидат исполните со содржини од светски размери.
OhridNews