Вечерва, со почеток во 22 часот, во кафе барот „Инсомниа” во струшкото село Враништа ќе се одржи хуманитарна забава за помош на  младиот Ангел Иван Лекоски кој боледува од церебрална парализа.

Предвидено е да настапат Ѓоко Танески, Игор Узунов, Наде Талевска и Били Ѕвер.

За да му се помогне на Иван потребни се 1. 520 евра за да  се извршат оперативни зафати за подобрување на неговата здравствена состојба.

Хуманите луѓе кои сакаат да донираат средства тоа може да го направат на жиро- сметката: 300007069067387 Комерцијална банка АД Скопје. Или преку мобилните оператори на броевите 070-143-102 Т-Мобиле и 077-143-702 ВИП.

OhridNews