Голема крводарителска акција се одржува денеска во просториите на Центарот за култура „Григор Прличев“ по повод  Светскиот ден на првата помош.

Во време на кризата предизвикана од коронавирусот трансфузиското лечење мора да биде сигурно и континуирано. И во овие услови голем број пациенти во здравствените установи во Охрид имаат потреба од крв и крвни продукти. Затоа, од голема важност е да се пријавите на акциите за доброволно дарување крв.- велат од Црвениот крст, кој заеднички ја организира акцијата соТрансфузиолошкото одделение во Охрид .

Согласно протоколите за работа во услови на епидемија од COVID-19 ќе бидат преземени сите потребни заштитни мерки и овозможени услови за безбедно дарување крв на сите крводарители, информираат организаторите на крводарителската акција.

OhridNews