Еден Британец по кој трага полицијата во Велс испратил своја фотографија до локалниот весник, бидејќи не бил задоволен од својот изглед на потерницата која била распишана за него. Полицијата во Јужен Велс ја испратила фотографијата на бараниот криминалец до сите локални медиуми.


Кога таа била објавена во весникот кој излегува во градот Свонси, суетниот Метју Мејнард им доставил нова на која изгледал многу подобро, и за која намерно позирал пред полициско возило. Весникот нивата фотографија веднаш ја објавил на насловната страница, а полицијата му заблагодарила на криминалецот на помошта при истрагата, бидејќи сега сите ќе знаат како тој изгледа.