Во рамки на проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ кој го спроведува Фондацијата „Чекор по чекор“ вчера во посета на подрачното училиште „Свети Наум Охридски“ во село Коњско беше Библиотеката на тркала.

Во рамки на запознавањето со библиотеката активно беа вклучени учениците од 1-во до 5-то одделение , нивните одделенски раководители и родителите.

-Учениците имаа можност да се вклучат во забавни настани за читање ,математика и ликовно изразување ,а на располагање и беа многубројни книги и материјали од библиотеката. Со учеството во повеќето групни активности за забавно учењето, учениците поминаа повеќечасовно учење и дружење заедно со координаторите од фондацијата каде преку игра го развиваа логичкото и проблемското размислување и го вежбаа изразното читање и изразување, информираат од училиштето.

Оттаму додаваат дека јазичната и математичката писменост се најважни компетенции кои се развиваат во почетните одделенија од основното образование и се битен предуслов за понатамошниот успех на учениците, во и надвор од училницата.

OhridNews