Библиотеката „Григор Прличев“ во пресрет на Денот на независноста, 8-ми Септември, организира повеќе активности.
Во рамки на манифестацијата „Бела ноќ“ на 7-ми септември, НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ќе реализира неколку програмски активности. Со почеток во 20 часот во просториите на Библиотеката ќе бидат доделени благодарници на дел од лицата кои во изминатиот период донирале книги за Установата, во20 часот и 30 минути ќе биде отворена изложба на стари и уникатни книги, сопственост на библиотеката, а од 21 часот ќе започне поетско читање на членовите од Литературниот клуб „Григор Прличев“ – Охрид.
Со реализирањето на овие активности Библиотеката се вклучува во одбележувањето на 25 годишнината од осамостојувањето на Република Македонија.
OhridNews