Библијата која му припаѓала на популарниот музичар Елвис Присли неодамна била продадена на аукција која се одржала во Стокпорт, во близина на Манчестер за сума од 59,000 фунти.

Библијата која на Елвис му била поклоната од неговиот вујко во 1957 година била само еден од стотици предмети кои и припаѓале на музичката ѕвезда, а била продадена на анонимен купец кој изјавил дека вредноста на библијата и ги даваат белешките кој Елвис ги напишал на нејзините страници.