Победник на 29-то издание на фестивалот „Макфест“ кој се одржува во Штип е Биба Додева. Таа триумфираше со песната „Врати се“ чиј комплетен автор е.
За победата Биба Додева инкасираше 20.000 евра.
Второ место и награда од 15.000 евра освои Дарко Илиевски со песната „Кога најмногу ми требаш“, а третото место и наградата од 10.000 евра му припадна на Елвир Мекиќ за песната „Ако времето е најдобар лек“.
Наградата за најдобар сценски настап отиде во рацете на Викторија Лоба, а за најдобар дебитант беше прогласена Симона Поповска.
OhridNews