На Светското Првенство (СП) во бијатлон које се одржува во Италиј на патеките во Антерселва , денеска на програмата беше машката штафетна трка 4 пати по 7,5 километри.
Златниот медал го освои Руската штафета во состав Максим Чудов, Дмитри Јарушенко , Иван Черезов и Николај Круглов со време од 1.14.36.16.


победничката штафета

На второто место со 1 минута задоцнување стигна штафетата на Норвешка за која во последната измена трчаше легендарниот Оле Ејнар Бјорндален.Третото место и бронзениот медал го освои штафетата на Германија  со минута и половина послабо време од победникот.
Супериорноста на Руската штафета најдобро ја одсликува податокот дека не промашија ниту еден куршум.

Поредокот во првите пет на денешната бијатлонска трка го комплетираа штафетите на Италија и Чешката Република.  

На СП во алпско скијање повторно проблеми за организаторот . Поради густата магла и силниот ветер во горниот дел на патеката во Оре одложен е спустот во машка конкуренција. Организаторот најави дека Боди Милер, Михаел Валхофер, Дидие Куш, Аксел Лунд Свиндал и останатите доколку дозволи времето на патеката ќе се појават утре во 11 часот.


во Оре намаат среќа со времето

Светскот првенство по четирите трки , по две во обете конкуренции минува во знакот на домашната миленичка Ања Персон која ги освои златните медали во супервелеслалом и суперкомбинација. Кај мажите сензационални победници се Петар Штаудахер во супервелеслалом и Даниел Албрех во супер комбинација.  

Н. Цветанов