Народната „Не оди моме крај брегот“, преточена во „Би поминал низ жар“ e новата песна на Јован Радњански. Деновиве во радискиот етер се појави новата песна на Јован со наслов “Би поминал низ жар”.

Станува збор за песна во поп-денс ритам, со микс обработка на старата македонска народна песна „Не оди моме крај брегот“. Како автор на музиката и аранжанот се потпишува Јован Радњански, а текстот е на Перо Манев.

За оваа песна е снимен и видео запис од страна на Rec Продукција во режија на Џулиани, и истиот го имате во продолжение. Имено Јован Радњански е заштитно лице на македонскиот бренд “Кожувчанка” за чии потреби сними и реклама која за скоро треба да се појави во јавноста.