Под овој наслов британскиот национален јавен сервис „Би Би Си“ ја ја објави видео репортажата за Вевчанскиот карневал. Екипа на оваа светски позната телевизија овој јануари беше во Вевчани и ги сними настаните на познатиот Вевчански карневал.
„Секој јануари православната Нова година е добредојдена во малото Вевчани со парада на необични костими и маски“, вели авторот на репортажата, во која се поместени изјави на учесници, мештани, историчари и посетители на Вевчанскиот карневал. Алкохолот е дел од карневалот во кој преовладува бунтовнички дух помешан со пагански обичаи, вели авторката. Таа се осврнува на немилите настани во Вевчани од крајот на осумдесеттите години од минатиот век, по што се одржа референдум на кој е изгласана Република Вевчани. Исто така ги потенцира креативните пораки и критики на најактуелните светски и домашни настани од страна на василичарите како случајот со „Шарли Ебдо“, пропаѓањето на инфраструктурниот проект за гасификација на регионот и други.
Карневалот во Вевчани е еден од насјстарите во земјата. Манифестацијата е дел од Европската асоцијација на карневали.
OhridNews