БИ- БИ-СИ на македонски јазик ја емитуваше својата последна емисија
05.03.11 10:07
Македонската редакција на Светскиот сервис на Би-Би-Си, вчера за последен пат емитуваше од Лондон вести на македонски јазик, откако на крајот од јануари годинава Управата на оваа британска медијска јавна компанија одлучи да ја укине секцијата на македонски, како и програмите на српски и албански јазик. Објаснувањето беше поради потребата од штедење.
Емисијата вести во 17 часот и 30 минути по британско време, траеше половина час и го означи крајот на секцијата која во Би-Би-Си постоеше нешто повеќе од 15 години. Уште околу еден месец, потоа, ќе се пренесуваат информации на македонски јазик на Интернет страницата на секцијата, до нејзиното трајно згаснување.
Секциите на српски и на албански јазик, уште од пред две недели престанаа со емитувањето своите емисии вести. Македонската редакција почна со емитувањето на програмата во јануари 1996 година.
Добра вест Македонија „скокна“ 10 места на Индексот за демократија на „Економист“ Бележиме скок од 10 места на Индексот за демократија за 2024 година на листата на „Економист“, наоѓајќи се на 62 ме...
Годишните извештаи за работата на јавните претпријатија предизвикаа бурна расправа на денешната одржана седница на Совет Имено опозициските советници посочуваат дека во извештаите каде е прикажано ...
Како дел од проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти“, Општина Охрид ќе добие поддршка од страна на Фондот за техничка документација во износ од 3418650 денари Средс...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.