Легендарниот блуз гитарсит, 89-годишниот Би Би Кинг е префрлен во болница, јавуваат медиумите повикувајќи се на извори блиски до семејството на музичарот кои не прецизирале детали за неговата здравствена состојба. Би Би Кинг, кој се смета за еден од најголемите блуз гитаристи на сите времиња, веќе 20 години болува од дијабетис тип 2. Медиумите не навеле во која болница се наоѓа славниот музичар, кој во октомври минатата година прекинал концерт во Чикаго поради исцрпеност.

 

Американското списание Ролингстоун го смести Кинг на третото место на списокот 100 најголеми блуз гитаристи на сите времиња. Освоил 14 Греми награди, вклучувајќи ја и наградата за животно дело во 1987 година. Слава стекнал во 50-тите години од минатиот век, а негови најпознати хитови се “3 O’Clock Blues”, “You Know I Love You,” “Woke Up This Morning,” “Please Love Me,” “When My Heart Beats like a Hammer”, “You Upset Me Baby” и “Sweet Little Angel”. Музичарот, кој во една прилика рекол дека не ги знае акордите, се женел два пати и има 15 деца со невенчани партнерки. Медиумите претходно пишуваа дека причина за неговите разводи и раскинувања била тоа што секој жена сакала музчарот да избере помеѓу неа и Лусил, неговата позната црна Гибсон гитара.