Безживотно тело на жена пронајдено било попладнево во водите на Охридското Езеро кај Канео.
Информацијата ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
Тој информираше дека е извршен увид на местото на настанот, а истрагата треба да ги расветли околностите под кои засега непознатото женско лице чиј идентитет се утврдува, го загубило животот.
Г.М.
Фото: Архива