Безживотно машко тело е пронајдено попладнево околу 16.30 часот во близина на патот што од Охрид води кон селото Велестово. Телото го забележал случаен минувач кој го пријавил случајот во полиција.

Според првичните неофицијални информации од СВР Охрид, станува збор за маж на возраст од триесеттина години, кај кого смртта настанала насилно.
– На местото на настанот увид врши екипа на крим-техника, во присуство на истражен судија. Истрагата треба да го утврди идентитетот и околностите под кои било извршено убиството, изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Toј информираше дека во истрагата се вклучиле и екипи на Министерството за внатрешни работи од Скопје и дека на терен се врши интензивна истрага.

ohridnews