Во своето априлско издание, британскиот Вог направил целосно неочекуван пресврт, ангажирајќи наместо модел, позната телевизиска готвачка како свое најново лице од насловната. 52 годишната британка, Најџела Лоусон така се нашла на насловната од новиот број на Вог, за кој позирала во смарагдно зелен, чипкаст фустан од Burberry Prorsum.

Овој необичен избор за лице на насловната го прати и цела една идеја на уредништвото на магазинот. Освен што на фотографиите се “поштедени“ облините на оваа безвременска убавица, вработените во Вог тврдат дека убавата Најџела незначително ја ретуширале и го оставиле нејзиното лице онакво какво што е, со минимална интервенција на маскарата и руменилото.