Утре по повод третото издание на Атлетската манифестација Охрид трчат во периодот од 8 и 30 часот до 10 и 30 часот ќе има сообраќен режим на улиците каде што трчаат учесниците. До почетокот на трката која е закажан за 9 часот сообраќајот ќе биде редуциран, а потоа ќе биде затворен поради безбедноста на натпреварувачите. Организаторите повикуваат на разбирање и љубезност, бидејќи без овие два сегменти од граѓаните на Охрид настанот нема да биде успешен и препознатлив каков што е сега.

Пораката на актерскиот двоец Никола Тодоровски и Стрезо Стаматоски пред три години упати безвременска порака, која треба да се почитува.

OhridNews