Со натпреварот против Грција во Триполис македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година го почнува новиот квалифкациски циклус за пласман на ЕП, што во 2011 година ќе се одржи во Данска.
Македонската експедиција без натпис со името на државата на спортската опрема, само со знамето на Македонија и амблемот на ФФМ, без посебни процедури и провокации, со полициска придружба, автобусот на македонската репрезентација замина за Солун, каде што експедицијата со авион продолжи до Триполис.
– Од претпазливост, подобро е да ги имаме само македонското знаме и амблемот на ФФМ на нашата опрема. Не сакаме да провоцираме, ниту пак на момчињата да им приредуваме дополнителен стрес. Сепак, ова е само фудбалски натпревар и за тоа тргнавме на овој пат – изјави Јонуз за македонските медиуми.
Грчката федерација одлучи мечот да го игра на полуостровот Пелопонез, на стадионот каде што настапува прволигашот Астерас. Натпреварот започнува во 16 часот. а ќе го водат чешки судии на чело со Прихода.
Покрај Македонија и Грција, во истата група се и селекциите на Англија, Португалија и на Литванија.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com