Една шпанска банка ставила на продажба куќа заедно со мумифицираниот труп на бившата сопственичка која подолго време не го отплаќала кредитот за неа, пишува шпанскиот „Ел паис“.

Лешот на жената, кој бил сочуван благодарејќи на солениот воздух во приморскиот град Росес, каде се наоѓа куќата, го нашол новиот сопственик кога прв пат влегол на имотот.

Жената, која спрема резултатите на истрагата умрела со природна смрт, престанала да ги плаќа ратите од кредитот уште пред 6 години.

Банката после неколку предупредувања ја презела сопственоста врз куќата и ја ставила на аукција, а претходно не ни погледала што има внатре.

С.К.