Како што наведува шефот на одделението за заштита на животната средина во Вулверхемптон, Стив Еванс, властите се борат со „поплавата“ лажни просјаци и бездомници. Еванс наведува дека еден бездомник во денот може да заработи 500 фунти, што на годишно ниво е околу 130 илјади фунти, односно 167 илјади евра. Оваа цифра која ја заработува англискиот бездомник е за само 15 илјади евра помала од годишната плата на премиерот на Велика Британија, Дејвид Камерон. Добродушните и наивни граѓани често одделуват по некоја фунта за просјаците, од кои многумина се измамници кои имаат дом, а кои парите воглавно ги трошат на алкохол.

 

Еванс додава дека во центарот на градот има луѓе за кои е уверен дека се професионални просјаци кои многу заработуваат лажејќи ги луѓето. Поради лажните просјаци се загрозени и вистинските бездомници. Еден просјак кој има 28 години вели дека е загрижен, бидејќи ваквиот публицитет ќе ги откаже луѓето од давањето пари. На некои од нив навистина им се потребни пари, не за алкохол, туку да имаат што да јадат. Додава дека е вистинска срамота што неколку измамници даваат лоша слика за нив.