Петнаесет бездомници од американскиот град Колорадо Спрингс ќе ги поминат божикните празници во мотел, благодарение на една мистериозна жена која им го платила сместувањето. Од персоналот на мотелот „Експрес Ин“ рекле дека жената во вторникот платила 640 долари и изнајмила четири соби за една седмица.


Таа инсистирала во собите да бидат сместени бездомниците кои кампуваат крај реката Фаунтин Крик. Жената, која се претставила како Линда Крафт изјавил дека Бог и рекол да ги изнајми собите. Медиумите, меѓутоа не пронашле ниту една личност со такво име.