Двајца браќа бездомници, Золт и Геза Пелади, кои живеат во пештера крај Будимпешта, наследиле поголем дел од семејното наследство во износ од 4 милијарди евра. Тие немаат постојана адреса на живеење и живеат од продажба на предмети кои ги наоѓаат на улица. Нивните денови на бездомништво наскоро ќе завршат, бидејќи заедно со сестрата која живее во САД ќе го добијат одамна изгубеното наследство на нивната баба.
Вработените во хуманитарната организација во Унгарија им ја пренесле веста на браќата откако биле контактирани од адвокатите кои се грижеле за нивната неодамна почината баба. Според германскиот закон, директните потомци автоматски имаат право да го поделат наследството. Бидејќи и нивната мајка била почината, парите сега им припаѓаат на браќата Пелади.