Оваа сабота бездомникот Глен Џејм од Бостон пронашол торба во која се наоѓале нешто повеќе од $40,000 долари во кеш. Иако многу луѓе посебно оние на кои парите им се најпотребни никогаш не би го пријавиле случајот, Џејмс веднаш ги исконтактирал надлежните органи и им ги предал пронајдените пари.
Полицијата го пронашла сопственикот, кој оваа приказна ја објавил на интернет по што Етан Витингтон од Алабама, човек кој работи во маркетинг и на никој начин не е поврзан со Џејмс одлучил да му помогне и започнал акција за собирање на средства преку која во два дена успеал да собере над $93,000 долари од донации.
Глен Џејм уште не одлучил како ќе ги потроши парите но побарал една недела да размисли за се што се случило и да ги одреди своите приоритети, пред средствата да му бидат префрлени на неговата сметка.