Болничкото обезбедување го затекнало Патрик Кемпбел во хируршка униформа и бел мантил со хируршка маска на лицето.

Тој бил забележан додека користел интернет на болничкиот компјутер, за кој лозинката му ја дал еден вработен во болницата, кога бил измамен од изгледот на Патрик.

Не е познато колку долго тој престојувал во болницата, но полицијата смета дека тој преноќил таму барем еднаш.

Кемпбел на полицијата и рекол дека нема каде да живее, па засолниште побарал во болницата.

Тој бил обвинет за вселување на туѓ имот и незаконски пристап на болничкиот компјутер.

Портпаролот на болницата рекол дека на тој компјутер се наоѓаат доверливи податоци за пациентите, но и дека нема причина за загриженост, бидејќи Кемпбел не ги отварал, туку само сурфал на интернет.