Еден бездомник две седмици незабележан живеел во зградата на една месна библиотека во американската држава Њу Џерси, соопштила локалната полиција. Чуварот на библиотеката го здогледал Карлс Џонс како ѕирка низ прозорецот на подрумот од зградата.


Момчето на полицијата и изјавило дека живее во библиотеката. Во подрумот биле пронајдени неколку книги. Полицијата открила и дека земал храна од просторијата во која вработените правеле паузи. Тој бил обвинет за провала и кражба.