Еден бездомник од Калифорнија, кој спиел во контејнер, случајно завршил во камион за ѓубре. Трагедијата била спречена во последен момент, откако возачот ги слушнал неговите повици за помош, непосредно пред да биде притиснат во камионот. Овој инцидент се случил во Сакраменто.


Проблемот со спиењето на бездомниците во контејнерите станал вистинска ноќна мора за градската чистота во Сакраменто, бидејќи се повеќе од нив ги избираат контејнерите како место на кое ќе преспијат. Откако возачот на камионот сватил дека во него има човек, повикал противпожарна служба која успеала да го извади неповреден од еден тон пресовано ѓубре, колку што имало во камионот.