Бездомникот Хорст раскажал за германските медиуми дека во почетокот имал намера да направи Снешко, но подоцна го променил својот план.Насобраниот снег го претворил во колиба од снег висока два а широка четири метри, во која повремено спијат и други бездомници. Во германскиот главен град веќе еден месец температурата не се искачува над нулата.


Хорст ги поминува деновите пред својата зимска палата пеејќи руски балади и свирејќи на хармоника, за да измами пари од минувачите. Вели дека се чувствува прекрасно бидејќи не плаќа станарина. Берлинците се полни со пофални зборови за Хорст кој го исчистил целиот снег од метрото за да го изгради иглото. Меѓутоа, вработените во метрото не се воодушевени од новиот сосед. Велат дека кога ќе се напие знае да биде агресивен.