Бездомникот Грегори Марсик го привлекол вниманието на јавноста поради тоа што за својата животна судбина ја обвинил актерката Џенифер Анистон. На транспарент кој Грегори го носел по холивудските улици пишувало: „Умирам од глад и сум шворц. Таа е лоша и без срце, ми го уништи животот и мојот американски сон“.
Актерката и Грегори се запознале на снимањето на еден филм, каде тој работел како статист. Тој имено вознемирувал група жени статисти, поради што реагирала Џенифер Анистон и го испратила своето обезбедување да го исфрли од снимањето. Грегори тврди дека актерката лажно го обвинила и дека тој не е злоставувач.