Еден бездомник кој живее во Русија освоил премија од околу 18 илјади евра на лото така што уплатил тикет со парите кои претходно ги испросил. Бездомникот Јуриј Максимович родум бил од Минск, Белорусија.


Се преселил во Москва откако ја изгубил куќата, семејството и работата. Но, ја имал таа среќа да ги погоди сите пет броеви на државната лотарија. Изјавил дека би сакал да се врати во Белорусија, каде ќе направи куќа во која ќе живее со своето куче.