Ед Денст, кој има 77 години, донирал 250 долари во банкноти од по еден долар на католичкото добротворно друштво при црквата Сент Винсент де Пол во Лос Анџелес. Животот на улица на овој бездомник му бил олеснет токму од црквеното друштво кое отворило градска кујна. Таму се хранел секој ден, а кога собрал пари одлучил да се оддолжи. Претседателката на друштвото многу се изненадила и рекла дека тоа има поголема тежина отколку кога при даруваат луѓето кои имаат.

Таа Денст го познавала речиси 20 години и рекла дека секој ден одел во кујната по оброк. Парите кои ги донирал сега ќе бидат употребени за оние на кои им треба сместување. Денс останал бездомник откога починала неговата сопруга пред 23 години. На новинарите им рекол дека ја продал куќата и ги потрошил сите пари. Додал дека донирањето на парите го усреќило. Заклучил дека научил дека луѓето се дарежливи и на тоа бил многу благодарен.