По повод доаѓањето на Новата 2009 година, волонтерите на Младински Совет Охрид организираа забава за децата кои ги користат услугите на Дневниот центар во болницата за ортопедија и трауматологија ,,Св. Еразмо” во Охрид.

На забавата, покрај волонтерите на МСО, со децата се дружеше и Дедо Мраз, кој им ја разубави атмосферата. Тие не го криеја задоволството од неговото присуство. Посакаа да се фотографираат со Дедо Мраз, а неговото доаѓање во болницата го искористија да му постават безброј прашања и да си посакаат желби.

Дедо Мраз на сите деца кои беа присутни на забавата им подари пакетчиња, а волонтерите на Младински Совет Охрид им посакаа добро здравје и среќна и весела 2009 година.

Новогодишните пакетчиња за децата од костозглобната болница ги донираше ,,Свис Лајон“ -Охрид.

Ohridnews