– Жена ми е од Финска, таа е македонист-славист, за Нова Година сме кај некои пријатели во Охрид. Прекрасно е овде, времето е убаво, па го користиме малку да поиграме безбол – вели Пол, а потоа се труди да ни ги објасни правилата на овој во САД мегапопуларен спорт.
Имате терен, а на него бази, секоја екипа се труди да освои што повеќе од нив ама прво мора „пичерот“ да ја удри топката … – за кратко време се губам низ „лавиринтот“ непознати изрази.
Веројатно и ние сме им чудни на американците кога не` гледаат како се „палиме“ на фудбал.
Чудна игра, чудни правила…
…но американците ја обожаваат
Синот на Пол има добар „свинг“ (?!?)
Барем за безбол е добар. Додека не „никнат“ некои нови згради. Штета.
Некогаш спортска соблекувална, сега…