Безбедносната состојба е поволна, граѓаните се безбедни, намалени се кривичните дела и сообраќајни незгоди во Охрид, а досега одлично се одвива и соработката во поглед на изборниот процес, истакна дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев кој заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, и со помошник директорот на Одделот за гранични работи и миграции, Сашо Смилески, остварија работна посета на Охрид, каде што се сретнаа со раководството на СВР Охрид, а ги посетија и вработените во управните служби на оваа организациска единица.

За одбележување е дека на ниво на Охрид имаме намалување на кривичните дела за 13,5%. Безбедносната состојба ja оценивме поволна на задоволително ниво, со зголемена ефикасност во расветлувачката дејност за 46%. Имаме зголемен број на поднесени кривични пријави во делот на економскиот криминалитет за 35% и во делот на класичниот криминал за 10 %. За одбележување е и намалување на бројот на сообраќајни незгоди на подрачје на СВР-Охрид за 4% и намалување на сообраќајни незгоди со телесни повреди за 9%. Воедно, од увидот во работата на управните служби тука во Охрид можам да констатирам дека состојбата е редовна. Дискутиравме и за тековните прашања односно за отворената оперативна акција претседателски и парламентарни избори 2024 година. Досега имаме одлична комуникација со сите политички партии и немаме никакви индиции за нарушување на изборниот процес. Така и ќе продолжиме во тесна комуникација со граѓаните, со политичките партии се со цел македонската полиција да биде заедно на терен со нив кога имаат нивни настани и да го гарантираме мирниот тек на изборниот процес, потенцираше Бојмацалиев.

Потсети дека во текот на 2020 година по повеќе од 20 години се набавени нови пет пловни објекти за македонската полиција со средства дел од буџетот на МВР, дел од чешка донација со што решен е уште еден горлив проблем за чување на границата по воден пат.

Во 2020 година беа набавени пет нови пловни објекти со цел зајакнување на капацитетите за заштита на границите, особено на Охридското Езеро. Две пловила во вредност од 8.055.000 илјади денари беа набавени со средства од буџетот на Министерството, а три (два пловни објекти со цврсто корито и еден гумен патролен чамец) се донација од Чешка во вредност од над 8.000.000 денари. Пловните објекти се опремени со професионални уреди за навигација, радар и затворена кабина за екипажот, а патролниот гумен чамец е погоден за брзи интервенции во разни инцидентни ситуации и контроли на водениот сообраќај, особено во летниот период во сите три езера. Ваква набавка беше направена за првпат после 20 години, истакна Бојмацалиев.

Бојмацалиев продолжува со посета на езерска полиција и ГП „Свети Наум“.

Инаку, посетата е во рамки на серијата посети на организациските единици при МВР низ државата со цел увид во досегашните резултати и планирање на идните активности.

Н.С.Ј.

фото. Б. Стојаноски