Безбедносната состојба на подрачјето на Општина Охрид може да се оцени како стабилна, изјави за Ohridnews, командирот на Полициската станица Охрид, Добре Петрески. Безбедносната состојба е добра но оптоварена со можност од евентуални нарушувања поради социо-економската состојба во земјата и во Охрид, рече Петрески.

Во глобални рамки сепак безбедносната состојба се подобрува, јавниот ред и мир е стабилен, а криминалитетот е во предвидените граници. Секогаш кога доаѓа туристичката сезона има и пораст на криминалитетот, но полицијата прави напори да ја одржува безбедноста на највисоко ниво, рече Добре Петрески.


Безбедносната состојба во Охрид стабилна

Како што не информираше претседателот на Советот, Владо Чингоски, на една од наредните седници командирот на Полициската станица во Охрид ќе реферира за безбедносната состојба на подрачјето на општината во првото полугодие од годината.


Се подобрува и безбедноста во сообраќајот – Страшо Миленкоски

Според СВР Охрид се подобрува и безбедноста во сообраќајот. Како што не информираше Страшо Миленкоски, командир на  полициската станица за безбедност во сообраќајот, во 2007 година на територијата на општина Охрид се случиле 125 сообраќајни несреќи од кои 7 со смртни последици. Тој тренд во 2008 година бележи намалување велу Миленкоски. Досега во охридско се случите три сообраќајни несреќи со трагични последици.

hridnews