Во Охрид продолжува втората фаза од реализацијата на проектот „ Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет“.
Со овој проект ќе бидат опфатени 90 ученици од основните училишта „ХристоУзунов“, „Кочо Рацин“ и „Свети Климент Охридски“, и 30 средношколци од ЕМУЦ „Свети Наум Охридски“, како и 120 родители и наставници од Охрид.
Едукациите имаат за цел да им објаснат на децата, родителите и наставниците колку е значајна заштитата на личните податоци, како тие можат да бидат искористени или злоупотребени од другите и на кој начин можат да се заштитат.
Едукациите ги реализираат Марија Пупиноска Гогова, професорка по информатика во училиштето Братство Единство, и Катерина Ситникоска од Младински Совет Охрид.
Проектот, финансиран од Европската Унија се реализира во периодот септември-ноември 2008 година, а носител е фондацијата за одржливи информатички решенија Метаморфозис.
Младинскиот совет на Охрид е активно вклучен во оваа активност.
Ohridnews