Oрганизирањето на сообраќајно-воспитната акција „Безбеден сообраќај за безбедно детство и иднина“ е тема на состанокот на општинскиот Совет за безбедност што ќе се одрќи денеска.
Членовите на советот треба да расправаат и за одбележувањето на 17 октомври-Денот без моторни возила.
Ќе се дискутира и за вклученоста на Секторот за образование, училиштата, детските градинки и средствата за јавно информирање во активностите на Советот.Денеска треба да произлезе и информацијата сврзана со формирањето сообраќајна единица на граѓани.
На 17 октомври ќе биде организирана средба помеѓу членовите на општинскиот совет за безбедност и новинарите и наставниците, а ќе се презентираат и превентивните мерки што ги презема ова тело.
Ohridnews