Од МЈП Проаква Водовод Охрид информираат дека прекинот во водоснабдувањето на дел од Туристичка ќе трае до денес попладне.
Од претпријатието велат дека причина за прекинот е настанатиот дефект на водоводна линија ф300мм на раскрсницата на улиците Стив Наумов и Јабланица, што довел до прекин во водоснабдувањето на улиците Стив Наумов, Јабланица и дел од Туристичка. Потенцираат дека поради многубројните инсталациони кабли работењето е отежнато и дека се очекува дефектот да биде отстранет околу пладне.
Од претпријатието информираат дека денес, 25- ти септември, поради настанат дефект на водоводна линија ќе има прекин на водоснабдувањето во населба Гоце Делчев (бараки) која ќе трае до отклонување на дефектот.
OhridNews