Поради настанат дефект-пукната цевка на непристапен терен, во шумата над пумпна станица „Дрвара“, денеска, од 13:00 часот ќе има неколкучасовен прекин во водоснабдувањето во горната зона на стар град, информира ЈП „Водовод“ Охрид.

Екипи на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектот.

OhridNews