Одделението за превенција при СВР Охрид апелира до сите граѓани да е се воздржат од било каква употреба на оружје и пиротехнички средства за време на  Новогодишните и Божиќните празници.
  
– Неовластената употреба на пиротехнички средства и оружје на јавно место, представува општа опасност, со која се  загразува сигурноста на сите граѓани и представува кривично дело и прекршок, кој е санкциониран со позитивните законски прописи.-се вели во апелот на СВР.

Полицијата во наредниот период ќе презема засилени мерки и активности заради одржување на поволна безбедносна состојба и против лицата кои употребуваат било каков вид на оружје и пиротехнички средства ќе се преземаат предвидените законски мерки.

Ohridnews