Македонската фудбалска репрезентација го задржа 67. место на првата овогодишна ранг-листа на ФИФА, идентично како и на последната објавена на крајот од 2021 година.

На првото место и натаму е Белгија, пред Бразил и Франција.

Eдинствената промена меѓу првите десет репрезентации се случи на четврто и петтото место на кои Аргентина и Англија ги заменија местата.

Италија, противникот на македонските фудбалери во мундијалскиот бараж на 24 март во Палермо, е шесто рангирана во светот.

OhridNews