Најдобрата машка македонска кошаркарска репрезентација дома го игра натпреварот против Португалија, во рамките на 2. коло во “Б“ Групата од квалификациите за ЕП 2009 во Полска.
Овој натпревар е од големо значење за “црвено-жолтите“ по несреќниот пораз на гости кај Летонија.

Наша задача ќе биде да одиграме добро, очекувам голема помош од публиката во салата, бидејќи оваа победа ни е многу потребна. Притисокот е голем, по оној несреќен пораз од Летонија. – вели селекторот на Македонија, Јовица Арсиќ.

Арсиќ се уште е во очекување на резултатите од лекарските прегледи на Дарко Соколов, кој се повреди на натпреварот против Летонија. Сепак, добра вест за селекторот е враќањето на ветеранот Перо Блажевски. Тој ја санираше повредата, денес тренираше оптимално, и утре ќе биде во составот, кој ќе излезе против Португалија.

Македонија до сега има 5 победи во 6 официјални дуела против Португалија, кои опфаќаат и 3 победи во исто толку средби на домашен терен.

Дуелот помеѓу Македонија и Португалија ќе се одигра утре во салата “Борис Трајковски“, со почеток во 20.15 часот.

Ohridnews