Охрид Лихнидос и Воска Спорт одиграа интересен и возбудлив натпревар на стадионот „Билјанини извори“. Градското дерби што се одигра во рамки на 28 коло од Втората кига.
Охрид подобро го отвори мечот со рано водство, кое го дуплираше од пенал за 2:0. Но, Воска Спорт се врати во мечот, најпрвин намали на 2:1, а во вториот дел стигна и до израмнување. Гостите не реализираа пенал во првото полувреме, а во финишот имаа колосална шанса за целосен пресврт, но голманот Дамјан Серафимов го спаси Охрид.
Со освоениот бод Воска Спорт се промовираше во нов прволигаш бидејќи Вардар загуби дома во братското дерби од Тетекс 1:2.
Втора лига 28 коло
Охрид Лихнидос – Воска Спорт 2:2
Вардар – Тетекс 1:2
Детонит – Гостивар 0:2
Пелистер – Локомотива 2:1
Борец – Беса 0:4
Караорман – Каменица Саса 1:2
Кожуф – Беласица 4:2
Арсими – Слога Виница 0:0
На две кола до крајот на првенството Воска Спорт има 69 бода, Гостивар 67, Вардар 62, Пелистер 59. Охрид е седми со 38 бода.
Г.М.
Фото: Воска Спорт – Фејсбук