Голема борба, пожртвуваност, емоции, аплаузи и многу возбудувања донесе натпреварот на кадетите на Охрид и Струга, што се одигра синоќа во салата „Билјанини извори“ во Охрид. Мечот што се одигра во рамки на Б групата од младинската лига, заврши без победник 28:28, полувреме 12:11.

Лука Лангоски беше најефикасен кај Охрид со 8 гола, Никола Стефаноски постигна 7, Дамјан Недески 6, Климент Николоски и Јулијан Матески по 3, Бојан Ѓоршески 1. Најефикасен кај стружани и воопшто на мечот беше Филип Мечкароски со 13 гола, Филип Велјаноски и Јован Петрески постигнаа по 4, Слободан Мечкароски и Јосиф Гускароски по 3,а Филип Симоноски 1.

Охрид по осум одиграни кола и натаму е лидер на табелата во групата Б. Во следното коло кадетскиот состав на ГРК Охрид гостува во Прилеп кај истоимениот противник.

Г.М.